Смртни закани за Сорлот: Оди скокни од карпа“, „Ќе те убијам…

Норвешкиот напаѓач Александар Сорлот и неговата девојка добиле многу коментари со омраза, па дури и закани со смрт по елиминацијата на Норвешка од СП.

Неколку норвешки навивачи го искажаа својот гнев кон Сорлот поради поразот на Светското првенство. Ова го потврди и сопругата на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Лена Селнес.

На Инстаграм, таа сподели голем број коментари и пораки што ги добиле таа и Сорлот.

„Те молам, изврши самоубиство, идиоту“, „Кажи му на твојот човек да ја напушти Норвешка и да скокне од карпа“ и „Ќе го убијам“ се избор од многуте коментари и пораки полни со омраза што ги добил парот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО