Јан Мадар потпиша за Макаби Тел Авив

Израелскиот плејмејкер Јам Мадар и официјално е нов играч на Макаби Тел Авив, објави клубот.

„Среќен сум и возбуден што отворам ново поглавје во кариерата и што му се приклучувам на Макаби Тел Авив. Со нетрпение го очекувам првиот натпревар пред нашите навивачи, како и запознавањето со соиграчите и стручниот штаб.

Ветувам дека ќе го давам максимумот на секој тренинг и на секој натпревар за да му помогнам на клубот да ги исполни своите цели.

Им благодарам на управата, стручниот штаб и сопствениците за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам со моите настапи“, изјави Мадар.

Минатата сезона Мадар настапуваше за Хапоел Тел Авив, каде во Евролигата просечно бележеше 3,1 поен, 1,4 асистенции и 1,1 скок по натпревар, а во домашното првенство имаше просек од 15,3 поени и 4,6 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО