Менаџерот на екипата на Арсенал, Микел Артета, потврди дека младиот фудбалер, Емил Смит Роу ќе биде продаден летово.
Смит Роу, 23-годишниот офанзивен играч за врска, најверојатно ќе мине во Фулам иако за неговиот потпис е заинтересиран и Кристал палас. Според одредени шпекулации, „топчиите“ се подготвени да ја прифатат последната понуда на Фулам која изнесува 35 милиони евра, плус одредени бонуси.