Репрезентациите на Словенија и Данска одиграа содржинско реми, натпревар кој нема победник, а можеше да има. Натпреварот заврши со резултат 1:1.
Први поведоа Данска во раната фаза од натпреварот преку Кристијан Ериксен во 17. минута.
Таа предност Данска ја негуваше до крајот на полувремето. Во вториот дел, Словенија влезе нешто поагилно во играта, имаа некои шанси но не успеваа да реализираат, се до 77. минута.
По еден обид од далечина, Словенецот Јанжа успеа да шутира и топката да заврши зад грбот на Каспер Шмајхел, која претходно се одби од еден дански репрезентативец.
Тоа практично беше и конечниот расплет на оваа средба, двете репрезентации освоија по еден бод.
Вториот натпревар од оваа група, се игра вечерва од 21 часот, кога Англија и Србија ќе ги вкрстат мачетите за бодовите.