Човекот на одлука за Холандија попладнево беше Вуд Вегхорст, кој со луциден потег, ја смести топката зад грбот на Шчесни и тие впишаа бодови, први на ова ЕП.
Холандија победи со 2:1 во првиот меч од групата Д на Европското првенство, а по натпреварот, Вегхорст порача дека посакуваат и титула на ЕП, што за нив би бил највисок дострел.
– Важно е да се дојде до победа во првиот меч, за мене лично ова беше сценарио од соништата. Влегов и постигнав гол. Видов само како топката доаѓа до мене и почувствував дека тоа е тој момент, па шутнав. Сега целта ни е да ја освоиме титулата во Германија, порача Вегхорст.
Холандија не ја рангираат во првите пет фаворити на турнирот, но секогаш може да се случи спротивно сценарио на она кое се најавува. Први фаворити се Франција, Шпанија и Англија.