Следниот ривал на Ѓоковиќ смета дека српскиот тенисер е привилегиран

Алексеј Попирин без било каква потреба, направи „проблем“ пред мечот со Новак Ѓоковиќ.

Српскиот шампион ќе игра во 2. коло против Алексеј Попирин, но дури во среда поради новите правила во Мелбурн.

Поради проблеми со распоредот од претходните сезони, одлучено е турнирот да почне порано и да трае ден повеќе.

– Мислам дека тенисерите се поделени 50-50 околу таа одлука турнирот да почне во недела. Ѓоковиќ доби еден ден повеќе, сигурен сум дека тој бараше да игра во недела, но што е тука е.., тврди Попирин.

Попирин смета дека има простор за тј да се надева дека може да го добие светскиот рекет број1.

– Тој е најдобар во историјата на овој спорт, но и јас имам свое оружје во играта кое може да го извади од такт. Влегувам во мечот полн со самодоверба, порача Попирин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО