Кенијката Нгетич е првата жена што истрчала 10 км под 29 минути

Кенијката Агнес Нгетич (22) стана првата жена која истрчала 10 километри за помалку од 29 минути.

Таа победи на друмската трка Валенсија Иберкаха во Шпанија со време од 28,46 минути со што го надмина светскиот рекорд на Етиопјанката Јалемзерф Јехулау од 2022 година за дури 28 секунди.

Нејзината сонародничка Емакулат Анјанго исто така истрча време под 29 минути, 28,57.

-Многу сум среќна. Не го очекував овој светски рекорд. Сакав да го подобрам своето време, да трчам некаде околу 29,14 минути, но пресреќна сум што забележав нов рекорд, изјави Нгетич.

Нгетич го израмни и светскиот рекорд на Беатрис Чебет на 5 километри, 14,13 минути поставен пред две недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО