Тен Хаг повторно удри на Санчо: Кога ќе се враќа овде, тој мора да го направи тоа!

Манчестер Јунајтед вчера одигра нерешено на Олд Трафорд против Тотенхем (2:2), а на пресконференцијата една од главните теми беше Џејдон Санчо.

Освен тоа што Тен Хаг зборуваше за ситуацијата со тимот во Премиерлигата, тој едноставно беше повикан да одговори за моментот со Џејдон Санчо и зошто тој замина на позајмица во Дортмунд.

– Санчо немаше никаква желба да игра, тоа се очекува од секој врвен спортист, но тој немаше никаква желба. За еден клуб да игра во врвна форма, мора сите играчи да покажат ентузијазам и професионализам, а тоа Санчо овде не го покажа. Сите мора да разберат дека ова е тимски спорт, мора да се игра тимски, сите мора да бидеме на иста страна.

Тен Хаг повторно побара од Санчо да им се извини на соиграчите и навивачите за своите постапки.

– Да, тоа веќе го рековме, не сакам секој пат да се враќам на таа тема, Џејдон тоа мора да го направи и јасно го подвлековме тоа. Имавме проблеми со него додека беше овде. Неговиот престој во Јунајтед не беше успешен, порача холандскиот стратег.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО