Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Скопскиот маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски, па и други рекорди.
Нема причина тоа да не биде така и на годинешново 20-то јубилејно издание на најмасовниот спортски настан во државава. Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници тркачи, полумаратонци и маратонци од преку 50 држави од целиот свет.
Од организацијата најавуваат одлично издание на трките, со можност секој учесник да стане дел од историјата на најголемиот спортски настан во земјава.