Скандалозен и несвесен гаф на Џеферсон: Смртта на Милојевиќ можеби им беше потребна!

Голден Стејт Вориорс е екипата во која Дејан Милојевиќ работеше како помошник тренер на Стив Кер, а синоќа оваа екипа играше НБА натпревар против ЛА Клиперс, каде се поразени со 130:125.

Вориорси се присетија на Дејан Милојевиќ, со тоа што ги прикажаа на паркетот буквите Д и М, кои го иницираат името и презимето на Дејан Милојевиќ.

Но додека камерата ги прикажуваше тие две букви, екс кошаркарот од НБА, Ричард Јеферсон, на американската телевизија Си-Ен, истакна нешто скандалозно, по кое мораше да се извинува бидејки го рекол несвесно.

– Клубот ја поддржа фамилијата на Милојевиќ во доста тежок момент. Ги видовте маиците со поддршка и сеќавање на Дејан, го видовте и логото на паркетот, но колку и да се тажни тие вести – од друга страна, тоа е нешто кое веројатно им беше и потребно за да се сплотат и да почнат да играат како што треба, порача Џеферсон, кој неколку часа по натпреварот, откако беше прозван на социјалните мрежи за овој несвесен и несовесен гаф, се извини.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО