Вили Кирк (45), менаџерот на женската екипа на Лестер, доби отказ откако внатрешната истрага покажала дека го прекршил кодексот на однесување. Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка.
Кирк првично беше суспендиран, сега и отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен ангажман во клубот.
– По обемен, внатрешен дисциплински процес и почитување на индивидуалната приватност, утврдено е дека Вили го прекршил кодексот на однесување на тимот „воспоставен и имплементиран“ пред сезоната 2023/24, до степен што ја прави неговата позиција неодржлива, соопштија од клубот.
Зошто односите играч-тренер во женскиот фудбал се проблем? Односите играч – тренер не се нелегални, се’ додека не се вклучени малолетници.
Кодексите на однесување меѓу играчите и менаџерите се услов за клубовите да добијат лиценца за настап во Лигата и секој клуб мора да има човек за „заштита“.
Личните односи меѓу играчите и тренерите во женскиот фудбал беа критикувани поради потенцијално создавање дисбаланс во тимот. Селекторот на Англија, Сарина Вигман таквите односи ги опиша како „многу несоодветни“ и „нездрави“!