Сити и Реал со најмногу кандидати за најдобриот тим на светот за 2023-та

Светската асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПРО) ја објави пошироката листа од 23 фудбалери кои се во конкуренција за избор на најдобрите 11 во 2023 година.

ФИФПРО го бира најдобриот тим врз основа на гласовите на 28.000 професионални фудбалери, нејзини членови. Фудбалерите се оценуваат според нивниот учинок од декември 2022 до август 2023-та.

За место во средниот ред, покрај помладите клупски колеги, Џуд Белингем и Федерико Валверде, е и ветеранот Лука Модриќ, 38-годишниот играч на Реал Мадрид. За истите позиции конкурира и триото на Манчестер сити, Кевин де Брујне, Родри и Бернардо Силва, како и играчот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган.

Од тие седум играчи од средниот ред, тројца ќе бидат во најдобриот состав. Заедно со нив ќе биде избран голман, тројца одбранбени играчи и тројца напаѓачи. Преостанатото место ќе му припадне на следниот играч со најмногу гласови, без разлика на позицијата.

Најмногу кандидати има англискиот и европски првак Манчестер сити, осум. На второто место е Реал Мадрид со седум  играчи.

ФИФПРО ќе ги објави најдобрите 11 на 15 јануари во Лондон, за време на церемонијата на доделување на наградите на ФИФА.

Финалисти во изборот на ФИФПРО:

Голмани; Тибо Куртоа (Реал Мадрид, Белгија), Едерсон (Манчестер сити, Бразил) Емилијано Мартинез (Астон вила, Аргентина)

Одбрана: Рубен Дијас (Манчестер сити, Португалија), Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија), Едер Милитао (Реал Мадрид, Бразил), Антонио Рудигер (Реал Мадрид, Германија), Џон Стоунс (Манчестер сити, Англија), Кајл Вокер (Манчестер сити, Англија)

Среден ред: Џуд Белингем (Борусија Дортмунд/Реал Мадрид, Англија), Кевин Де Брујне (Манчестер сити, Белгија), Илкај Гундоган (Манчестер сити/Барселона, Германија), Лука Модриќ (Реал Мадрид, Хрватска), Родри (Манчестер сити, Шпанија), Бернардо Силва (Манчестер сити, Португалија), Федерико Валверде (Реал Мадрид, Уругвај)

Напад: Карим Бензема (Реал Мадрид/Ал-Итихад, Франција), Ерлинг Халанд (Манчестер сити, Норвешка), Хари Кејн (Тотенхем/Баерн Минхен, Англија), Килијан Мбапе (Пари сен Жермен, Франција), Лионел Меси (Пари сен Жермен/Интер Мајами, Аргентина), Кристијано Роналдо (Ал-Наср, Португалија) Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО