Тренерот на Манчестер Сити, пред денешното дерби со Арсенал, призна еден свој пораз.
Еден од мечевите кои сигурно ќе привлече големо внимание, бидејки влогот е голем, а и бодовите можат да бидат уште поголеми.
Имено, шпанскиот стратег признава дека жали што не успеал да го донесе Деклан Рајс во своите редови, кој на крајот заврши во Арсенал.
– Постојат многу играчи кои не одбија. Деклан не беше прв кој го баравме, а не сакаше да дојде. Рајс едноставно не сакаше да дојде ни за жива глава, дури ни за суво злато. Жалиме поради тоа, но му посакавме среќа во кариерата- Секој би го посакал Деклан Рајс во својата екипа, тој е капитен на репрезентацијата и млад играч кој игра на високо ниво. Затоа Арсенал и Артета се заложија максимално да го обезбедат неговиот потпис и успеаја во тоа, порача Гвардиола.
Како за потсетување, мечот Сити – Арсенал е на програмата денес од 17:30 часот.