Мбапе сите го преселија во Мадрид, но изјавата на Енрике остава сомнеж дека има договор

Со месеци веќе се најавува заминување на Килиан Мбапе од ПСЖ и преселба во Реал Мадрид, но од тоа на крајот може да нема ништо.

Сите кредибилни медиуми во Европа пишуваат дека работата е завршена и дека Мбапе ќе биде бесплатно засилување за „кралевите“, но зборовите на тренерот на ПСЖ звучат некако поинаку.

Луис Енрике се обиде да биде мистериозен, односно неизвесен по прашањето со Мбапе, за кој рече дека доколку ги освојат сите титули, Мбапе може и да остане.

– Се надевам дека Килиан Мбапе ќе се предомисли на крајот од летото за заминувањето за кое се зборува. Доколку освоиме три или четири трофеи сезонава, можеби и ќе остане во последен момент. Не знаеме, се е можно, порача Луис Енрике.

Претходно се навестуваа и финансиски детали од договорот на Мбапе со Реал, но ваквата изјава веројатно ќе ја пролонгира за неколку недели официјалната потврда од Реал за овој фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО