Алкараз има проблем: Се чувствував како дете од 13 години

Карлос Алкараз сензационално беше елиминиран во четвртфиналето на мастерсот во Мајами, го победи Григор Димитров, кој беше поприлично убедлив.

Колку само бил убедлив Димитров на натпреварот, сведочи и изјавата на Карлос Алкараз околу тоа како тој се видел самиот себе на оваа пресметка.

– Димитров направи да се чувствувам како 13 годишно дете, не се сеќавам дека некој ми направил така. Долго се немаше случено такво нешто, не знам што да правам. Барав решенија на натпреварот, но тој ни ми ги понуди. Чувствував тотална фрустрација, порача Шпанецот.

Димитров беше апсолутно недопирлив, направи дури 24 винери за втора победа во петтата средба против Карлос Алкараз.

– Често генијалноста е во едноставноста, знам дека морав да бидам поагресивен, да ги водам поените, но не го сторив тоа, па загубив, се надоврза Алкараз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО