Сити го победи Брентфорд, хет-трик на Фоден

Манчестер сити со пресврт славеше кај Бренфорд (3:1) во 23.коло и го „скокна“ Арсенал на второто место на табелата. Актуелните шампиони, со натпревар помалку заостануваат два бода зад лидерот Ливерпул.

Сити протв Брентфорд имаше проблем само во првото полувреме. Мопеј им донесе предност на домаќините во 20.минута. Тој резултат беше активен до третата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел кога изедначи Фоден.

Во второто полвреме Фоден со головите во 53. и 70.минута го комплетираше хет-трикот и го однесе својот тим до победата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО