Интер го доби дербито против Јуве, но Инѕаги ги предупреди своите играчи на една опасност

Интер го доби синоќа големото дерби против Јувентус, кое им дава ветер во грб во битка за титулата во Италија, но Симоне Инѕаги ги предупреди своите момци.

Инѕаги е доволно искусен да знае дека ништо уште не е готово во Серија А и дека Јувентус и Милан нема така лесно да се откажат од трката за Скудетото.

– Ова е важна и заслужена победа, екипата го демонстрираше тоа на терен кое го договоривме. Среќни сме, но ова е само еден чекор напред, ништо не е завршено. Јувентус и Милан се екипи кои не се откажуваат така лесно, се уште се во игра, порача Симоне Инѕаги.

Интер е лидер во првенството со 57 бодови, на втората позиција ги следи Јувентус со четири помалку, па следува Милан со 49 бодови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО