Сити е елиминиран во ЛШ, но Арапите ќе го наградат Пеп Гвардиола

Во спектакуларен натпревар синоќа во Манчестер, Реал Мадрид успеа да се избори за уште едно полуфинале во Лигата на шампионите.

Многу од навивачите на Сити сметаат дека Пеп Гвардиола со своите тактички потези на овој натпревар, го загрозил резултатот и тимот, кои на крајот не беа во нивна полза.

Но иако можеби дел од навивачите гледаат вина во Пеп, сепак, во клубот му веруваат и веќе му ветиле прв трансфер за идната сезона во вредност од 100 милиони евра.

Како што пишуваат медиумите на островот, Пеп Гвардиола побарал 100 милиони од челниците на клубот, со цел да го обезбедат потписот на Џамал Мусијала од Баерн Минхен, еден од најдобрите млади играчи во светот.

Договорот на Мусијала со Баварците истекува во 2026 година, а се уште нема конкретен став од самиот фудбалер дали ќе сака да го продолжи договорот со баварскиот клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО