Синер: Можете да правите грешки, а на крајот да победите

Вториот светски тенисер на АТП листата, Италијанецот Јаник Синер, објасни зошто како тинејџер го заменил алпското скијање за тенисот.

– Како дете освоив многу награди во алпското скијање, а ништо во тенисот. Потоа постепено почнав да губам во скијањето, бидејќи физички не бев најдобро подготвен. Го избрав тенисот затоа што можете да направите грешки, да изгубите поени, а сепак да го добиете мечот. Во алпско скијање ако направите една поголема грешка, не можете да победите. Одлично е што тенисот е динамичен, вели Синер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО