Анастасовски: Голем настан во Охрид од корист за спортот и за општеството

Професорот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Иван Анастасовски, денеска на програмата на Спортско радио 90,3, говореше за 18. Европски конгрес на „ФИЕПС Европа“ и за шестата научна конференција, Истражување во физичкото образование, спортот и здравјето (РПЕШ).

– Станува збор за голем настан што треба да донесе одредени заклучоци кои ќе бидат корисни за спортот и за општеството. Ќе има неколку значајни теми за обработка меѓу кои верувам дека поголем простор за дискусија ќе добијат, Спортскиот менаџмент и соработката со медиумите, и Спорт и туризам.

Секако, значајно е да се разгледа и холистичкиот пристап во предучилишното физичко образование, како и новите технологи во физичкото образование и спортот,  потенцираше професорот Анастасовски.

Конгресот во организација на „ФИЕПС Европа“, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Педагошки факултет и Федерацијата на спортски педагози на Македонија, ќе се реализира од 30 мај до 2 јуни, во Охрид, во хотелот „Метропол Лејк ресорт“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО