Јаник Синер успеа да изрежира фантастичен натпревар и да го добие Новак Ѓоковиќ во полуфиналето со 3:1 во сетови 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3.
По натпреварот, со италијанскиот тенисер разговараше Џим Курие, кој му постави неколку прашања да го сумира натпреварот.
Синер објасни дека многу го почитува Новак Ѓоковиќ, кој го смета за пример од тенисер кој треба сите млади да го следат во иднина.
– Фантастично е да се игра против играч од кој може многу да научите. Јас од него загубив полуфинале на Вимблдон и од тој меч морав многу да научам.
Курие го праша Синер што е толку добро во неговата игра, за да му биде тешко на Ѓоковиќ да игра против него.
– Тоа ќе мора да го прашате него, игра доста слично, прво се обидува да ја врати топката во поле, што е и моја одлика и да му биде ритернот добар. Исто така, тој е фантастичен сервер. Играв различни мечеви на различни турнири против него, но беше задоволство да се биде овде, на „среќниот слем“ како што Новак го нарекува овој турнир. Не знам што да кажам, дојдов овде со самодоверба дека можам да го добијам најдобриот и тоа го направив. Ова емое прво финале, навистина сум среќен, порача Јаник Синер.