Леклер потпиша нов договор со Ферари за плата од 50 милиони евра годишно!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, вели дека е „задоволен“ што го продолжил договорот со тимот за „уште неколку сезони “.

Леклер (26) дебитираше во Формула 1 (Ф1) во Заубер пред да потпише петгодишен договор со Ферари по импресивната прва сезона во 2019-та.

Тој има забележано пет победи и 23 пол-позиции со италијанскиот тим. Минатата сезона заврши на петтото место во генералниот поредок. Најуспешна сезона му беше 2022-та, кога го освои второто место.

Од Ферари не ја прецизираат должината на новиот договор. Претходниот е до крајот на 2024 година, а новиот би требало да биде на пет години, до 2029 година.

Според некои информации, неговата плата двојно ќе се зголеми, од сегашните 25, на 50 милиони евра годишно!

-Да возам за овој тим сонував уште од три години. Ја гледав трката во Монако од прозорецот на станот на еден пријател и секогаш бев фокусиран на црвените болиди. Ферари е моето второ семејство откако и се приклучив на нивната академија за возачи во 2016 година. Верувам дека најдоброто допрва доаѓа, мојот сон е да победам во светскиот шампионат со Ферари, изјави Леклер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО