Италијанскиот тенисер Јаник Синер го совлада шпанскиот ас Карлоз Алкараз во големото финале на престижниот турнир „Сикс кингс слем“ што се одржа во Риад.
Синер одигра спектакуларен меч и славеше со убедливи 2:0 во сетови (6-2, 6-4), со што ја освои титулата и ја потврди својата моментална доминација на светската тениска сцена.
Од самиот почеток, Италијанецот наметна високо темпо. Со рана брејк предност го замолкна шпанскиот талент и го диктираше резултатот до крајот на сетот. Алкараз се обидуваше да најде ритам, но Синер имаше одговор на секој негов обид.
Во вториот сет, мечот беше порамноправен, но Синер повторно ја искористи првата шанса и не дозволи Алкараз да се врати.
Со оваа победа, Синер не само што ја освои титулата на турнирот, туку и рекордна парична награда, што уште повеќе го нагласува значењето на овој триумф.
-Се чувствувам неверојатно. Ова беше посебна вечер и голема победа за мене,“ изјави Синер по мечот. Алкараз спортски му честиташе и најави дека наскоро ќе се врати посилен.
Иако турнирот не носи АТП поени, тој има голем престиж. За Синер ова е уште еден доказ дека е подготвен да го предизвика врвот на светскиот тенис, додека Алкараз ќе ја бара шансата за реванш во следните турнири.
Финалето во Ријад беше вистински спектакл и најава за големо ривалство што ќе ја одбележи новата тениска ера.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: