Атлетико Мадрид од гостувањето кај Интер во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ) се враќа со минимален пораз, 0:1.
Тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, вели дека ништо не е готово и дека на реваншот во Мадрид ќе се реши која ќе ги продолжи натпреварите во следната нокаут фаза.
– Тие не’ казнија за нашата грешка. Имаше повеќе моменти кога ја губевме топката на средината од теренот. Сепак, остануваме мирни бидејќи ќе има реванш. Верувам дека работите ќе се придвижат во посакуваниот правец за нас, потенцираше Симеоне по мечот во Милано.