Комплетиран договорот Ретклиф – Јунајтед вреден 1,25 милијарди фунти

Манчестер јунајтед потврди дека Џим Ретклиф станал сопственик на 27,7 отсто од акциите во клубот вредни околу 1,25 милијарди фунти.

Првиот човек на компанијата „Инеос“ кој е на второто место на листата на најбогати во Велика Британија, ги исполни сите услови поставени од Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија и од Премиер лигата.

Семејството Глејзерс од САД, кое го купи Манчестер јунајтед во 2005 година за 790 милиони фунти, ќе го задржи мнозинскиот удел во клубот. Инеос групацијата на Ратклиф ќе ја преземе контролата врз фудбалските операции.

– Да се стане косопственик на Манчестер јунајтед е голема чест и значи голема одговорност. Комплетирањето на трансакцијата, е само почеток на нашите напори да го вратиме клубот на врвот од англискиот, европскиот и светскиот фудбал, изјави Ретклиф (71) кој е роден во Манчестер и, како што тврди, страствен навивач на Јунајтед.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО