Силвињо го продолжи договорот со Албанија

Бразилскиот фудбалски стручњак, Силвињо (50) го продолжи договорот со Албанската фудбалска федерација (ФСХФ) до декември 2025 година. Во текот на тренерска кариера, Бразилец ги водеше Лион и Коринтијанс.

Бразилецот ја презеде Албанија во јануари 2023 година и обезбеди настап на ЕП во Германија. Албанците играа во групата Б, ремизираа со Хрватска (2:2), а загубија од Италија (1:2) и од Шпанија (0:1).

– По успехот со пласманот на ЕП во Германија, сега главна цел ќе бидат историските квалификации за Светското првенство (СП) 2026 година, се вели во соопштението на Албанскиот фудбалски сојуз.

Албанија никогаш не учествувала на СП. На ЕП, освен годинава во Германија, настапи и на ЕП 2016 година во Франција.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО