Си го сака Шалке: Чурлинов и официјално се врати во Гелзенкирхен

Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов, се врати назад во старото јато каде играше претходно, во Шалке04 од Гелзенкирхен.

Чурлинов едноставно не беше задоволен од тоа колку го користат на теренот кога Барнли ги игра своите натпревари, па мораше да си побара трансфер и тоа на крајот го стори со тоа што се враќа во неговиот поранешен клуб.

Тој сепак, во Гелзенкирхен доаѓа на позајмица, а во договорот кој е постигнат помеѓу англикиот клуб Барнли и Шалке 04, постои опција за откуп на неговиот договор во перманентни пропорции.

– Среќен сум што се враќам во Шалке, откако си заминав од таму, постојано бев во контакт со дел од играчите и клубот. Сега се враќам и сакам да му покажам на клубот лојалност за довербата која ми ја дадоа претходно, ќе се заложам за голови и асистенции, порача Дарко Чурлинов.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО