Светската тенисерка брoj 1, Ига Швјатек од Полска триумфира на ВТА Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, совладувајќи ја ланската победничка, втората светска тенисерка, Арина Сабаленка од Белорусија со 7:5, 4:6 и 7:6 (7) во мечот што траеше 3,12 часа.
Швјатек и Сабаленка и лани играа во мадридското финале, но тогаш Сабаленка беше поуспешна. За Швјонтек ова беше шеста победа на последните девет меча против Сабаленка.
За Швјатек тоа беше 20-та титула во кариерата (прва во Мадрид), во меч во кој спаси три меч топки, две при заостанување од 5:6 во третиот сет кога сервираше за останување во мечот и уште една во „тај-брејкот“.
Швјатек, која за 27 дена ќе наполни 23 години, стана најмладата тенисерка која забележала 20 турнирски триумфи, трет годинава, по Доха и Индијан Велс.
Од друга страна, Сабаленка, годинашната победничка на Австралија опен, и остана на 14-те титули, и Сабаленка не успеа со победа да го прослави денешниот 26-ти роденден.