Швајцарецот ќе остане во Германија

Фудбалерот на Штудгард, Леонидас Штергиу, не крие дека е презадоволен со одлуката на популарните „шваби“ да му го откупат договорот од швајцарскиот Сен Гален.

22-годишниот играч во претходното лето беше земен на едногодишна позајмица а откако ги исполни очекувањата, сега ќе добие перманентен договор од бундес-тимот.

Тој во сезонава одигра 18 мечеви и постигна еден гол.

– Многу сум среќен за довербата. Сакам да продолжам со добри настап бидејќи научив многу. Задоволен сум како помина сезоната, вели фудбалерот на Штудгард кој во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО