Kој ќе биде тренер на сезоната во Ла лига?

Шпанската фудбалска Ла лига ги објави номинираните за наградата најдобар тренер за сезоната 2023/24.

На листата се ставени, Карло Анчелоти, кој со Реал Мадрид ја освои титулата а допрва ќе игра и во финалето на Лигата на шампионите.

Тука се и предводникот на најпријатното изненадување, Џирона, Мичел Санчез, потоа тренерот на Атлетико Билбао, Ернесто Валверде, заедно со Диего Симеоне од Атлетико Мадрид и Марселино Гарсија Торал (Вилјареал). Кој ќе ја добие наградата ќе се дознае на свечената церемонија предвидена за 28 мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО