Позната е причината зошто Мбапе го пропушти тренингот на ПСЖ

Напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе го пропушти тренингот на својот тим пред натпреварот од 32. коло на Лига 1 со Ница, соопшти прес-службата на парискиот клуб, додавајќи дека Мбапе има болки во левата тетива.

Мбапе не тренираше и се наоѓа на лекување. Покрај него тренингот пред средбата со Ница го пропуштија и Кејлор Навас (болест), Осман Дембеле (удар во левата натколеница на натпреварот со Тулуз), Лукас Ернандез (рехабилитација по пукнати вкрстени лигаменти на коленото), Серхио Рико (ја продолжи програмата за опоравување по тешката повреда на главата) и Преснел Кимпембе (се опоравува од пукната десна Ахилова тетива).

Сезонава Мбапе одигра 47 натпревари за ПСЖ во сите конкуренции, на кои постигна 44 гола и 10 пати асистирашеенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО