Еден од хероите на Шпанија од последното ЕП во Германија, голманот Унаи Симон (27), според последните прогнози, ќе пропушти повеќе од 20 натпревари во новата сезона за својот клуб, Атлетик Билбао.
Тој вчера беше пуштен од болница по операцијата на зглобот, а неговото закрепнување најверојатно ќе потрае меѓу четири и пет месеци.
Клубот се надева дека тој ќе биде надвор од терените четири месеци, што би значело дека ќе пропушти 14 првенствени натпревари и четири натпревари во Лига Европа (ЛЕ), а подолгата варијанта од пет месеци вели дека ќе го пропушти првиот дел од сезоната.
Кога станува збор за националниот тим, Симон би ги прескокнал четирите натпревари на „Ла роха“ во Лигата на нации (ЛН) во септември и во октомври.
Треба да се каже дека Атлетик има проблеми и со резервното дуо голмани, Агирезабал и Падилја, но тренерот Валверде не сакаше ништо да препушти на случајноста и побара Симон што поскоро да оди на операција за да што побрзо се врати на терените.