Шошкиќ: Имаме јасна цел на ЕП

Македонската младинска кошаркарска репрезентација ја очекува настап на Евробаскетот во Полска каде во првата фаза ќе ги одмери силите со Шпанија, Турција и Белгија. Членот на оваа репрезентација Андреј Шошкиќ изјави дека очекува добар настап на нашата репрезентација на овој шампионат

-Дојдовме во Гдиња со една таква цел – да оддржиме еден континуитет на играње во оваа силна конкуренција на репрезентации кои се постојани членки на ‘А’ Дивизијата. Свесни сме за предизвикот кој е пред нас. Уште во онаа групна фаза се соочуваме со, и тоа како, квалитетни противници. На почетокот нė чека Шпанија, веројатно и една од репрезентациите кои важат како топ-фаворити на првенството. Следува дуел со Турција, на крајот, и натпреварот против Белгија. Веројатно, ако говориме за шансите за успех, мислам дека и тука некаде треба да ја бараме нашата, да пробаме да оствариме успех, кој ќе ни овозможи нешто ‘полесен’ распоред, ако воопшто може да се зборува за такво нешто. Системот е таков, секоја победа те води поблиску до потцртаната цел, -порача Андреј Шошкиќ кој е еден од лидерите на оваа генерација.

-Имавме краток период за подготовките за ова првенство. Но мислам дека сме доволно подготвени за да се бориме за успех на секој натпревар. Очекувам да сме сите на максимум, и да дадеме се од себе за што е подобар пласман на првенството во Полска, -додаде членот на Работнички.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО