Шкотланѓанецот Фергусон, најдобар играч за врска во Серија А

Шкотскиот репрезентативец, Луис Фергусон ја доби наградата „Булгарели број 8“, која му се доделува на најдобриот играч за врска во Серија А во сезоната.

Капитенот на Болоња имаше одлична сезона во која неговиот тим се бореше за место во Лигата на шампиони (ЛШ), пред toj да го повреди коленото во април, и операцијата поради што ќе го пропушти Европското првенство (ЕП) летово во Германија.

Пред повредата, Фергусон (24) беше еден од најдобрите играчи во италијанската Серија А, постигнувајќи шест гола и забележајќи четири асистенции на 31 лигашки натпревар. Претходно добитници на оваа награда, меѓу другите, беа Даниеле Де Роси, Николо Барела и Сандро Тонали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО