Екипата на Шкендија сака да ја засили одбраната, па така му „фрлија“ око на 21-годишниот талент на Влазнија, Гералб Смајли.
Според медиумите во Албанија, челниците на екипата на Шкендија понудиле богата понуда до самиот фудбалер, кој на маса ја има и понудата на челниците на Влазнија за продолжување на договорот.
Договорот на 21-годишниот фудбалер со тимот од Скадар завршува на крајот на оваа сезона.
Смајли игра на десната страна на одбраната, каде моментално е Максим Максимов, чие име е тесно поврзано со трансфер во странство. Токму овој факт ги потикна раководните лица на Шкендија, кои прво бараат да се најде вистинското решение, а потоа да се дозволи трансфер на Максимов.
Смајли, иако има само 21 година, ја игра третата сезона со првиот тим на Влазнија, за кој има одиграно вкупно 52 натпревари.