Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер официјално побара „вајлд-карта“ за настап во ЛШ

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, и официјално преку Ракометната федерација на Македонија (РФМ) побара „вајлд-карта“ за настап во Лигата на шампионите на ЕХФ за сезоната 2024/25. Откако Македонија го загуби директното место во ракометната елита, сега нашиот шампион мора да чека на длуката на ЕХФ з атоа кој ќе биде поканет за настап во елитата.

Раководнте луѓе на Еурофарм Пелистер викендов се во Келн, каде се одржува форум на клубови и каде сите учесници од тековната Лига на шампиони имаат меѓусебен состанок со ЕХФ. Иако денес нема да биде донесена одлука кои клубови ќе добијат покана за настап во ЛШ, сепак некои работи ќе бидат познати.

За добивање на „вајлд-картите“ конкуренцијата ќе биде огромна. Во најдобра позиција се вицешампионите на Франција, Данска, Полска, Унгарија, а тука се уште Бидасоа (Шпанија), Порто (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Загреб (Хрватска), Горење (Словенија) и Еурофарм Пелистер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО