Шампионот Е. Пелистер донесе засилување од Хрватска

РК Еурофарм Пелистер попладнево објави дека потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ. Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.

Цикатиќ беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.

Неговото претставување е предвидено на крајот на јули во Битола, со почетокот на подготвките за сезоната 2024/25. Инаку, Еурофарм Пелистер потврди заминување на седум ракометари. Тоа се: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО