Севилја сака да го ангажира Фати

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, кој во претходната сезона настапуваше како позајмен во Брајтон, може да замине во Севилја. Клубот од Андалузија е заинтересиран за потписот на 21-годишниот крилен напаѓач.

Спортскиот директор Виктор Орта стапил во контакт со колегите од Барса за да разговараат за позајмица на играчот, пренесува – „Diario Sport“. Проблем во целиот трансфер може да биде само високата плата која Севилја не може да ја покрие.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО