Сериозен инцидент во Мелбурн: Непозната жена фрлаше летоци со политичка порака!

Германскиот тенисер Александер Зверев, се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен, откако го совлада Британецот Камерон Нори, а овој меч за момент беше прекинат.

Често во минатото сме биле сведоци на необични ситуации и протести, но на овој натпревар, се случи инцидентот од политичка димензија.

При споменатиот натпревар на Зверев против Нори, на трибините се појави жена која пружи поддршка за народот во Палестина во војната против Израел.

Имено, додека Зверев сервираше, една жена ненадејно почна да фрли летоци со политичка содржина на теренот.

На летоците пишуваше „Слобода за Палестина“, а се споменуваа и зборови, Израел се злосторници, и Израел е геноциден народ.

Зверев беше видно изненаден од тој потег, додека Нори по инцидентот замина кон своето столче додека да се смири ситуацијата и теренот да биде исчистен од летоците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО