Серхио Љул стана вториот играч во историјата на Евролигата кој стигнал до бројката од 400 натпревари

Кошаркарот на Реал Мадрид, Серхио Љул стигна до бројката од 400 натпревари во Евролигата. Натпреварот против Црвена Звезда беше 400-ти за кошаркарот на Реал Мадрид во Евролигата.

36-годишниот Шпанец стана вториот играч во историјата на лигата кој стигнал до оваа граница на одиграни натпревари. Единствен играч кој има одиграно повеќе натпревари од Серхио Љул е поранешниот играч на ЦСКА Москва, Кајл Хајнс, кој моментално игра за Милан.

Во моментов има 423 натпревари во елитното кошаркарско натпеварување. Третото место според овој индикатор е за Серхио Родригез (399), кој сега е соиграч на Љул во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО