Постекоглу: Догодина Тотенхем ќе се бори за титулата

Тренерот на Тотенхем – Анге Постекоглу, изрази надеж дека следната година неговиот тим ќе биде претендент за титулата во Англија. Специјалистот додаде дека токму со оваа идеја дошол во лондонскиот клуб. Тотенхем моментално се наоѓа на петтата позиција на табелата во Премиерлигата, со 11 бода помалку од лидерот Ливерпул на девет кола до крајот на шампионатот.

-Се надевам дека ќе се бориме за титулата следната сезона. Зошто го правам тоа што го правам? Затоа дојдов во клубот. Како што некој ми рече минатата недела: „Ти само ја заврши својата работа Анге“, а мојата работа е да дојдам овде и да донесам успех, коментира австралискиот стручњак.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО