Сенев ќе се обиде да избори опстанок со Брегалница

Трајче Сенев (60) се враќа на тренерската клупа на штипска Брегалница која ја предводеше од октомври 2011 до јуни во 2012 година. Искусниот стратег има работено и во Кожув, Осогово, Пехчево, Силекс и во Баби.

Неговиот стар/нов тим моментално има 22 бода се наоѓа на претпоследното место на табелата во Првата лига, што значи дека до крајот на сезоната ќе има тешка задача да избори опстанок.

Сенев доаѓа на местото на Горан Здравков, кој спогодбено ја прекина соработката со Брегалница, по серијата негативни резултати во пролетниот дел од сезоната. Брегалница на последните шест натпревари претрпе четири порази и двапати ремизираше.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО