Се огласи Сабаленка околу смртта на нејзиниот партнер: Неприфатливо, но едно ве замолувам..

Поранешниот белоруски хокејар и тренер, Константин Колтсов, дечко на тенисерката Арина Сабаленка, почина во 42 година од животот.

Два дена по трагедијата која ги потресе дел од фановите, се огласи и самата тенисерка од Белорусија.

– Смртта на Константин е незамислива трагедија и со оглед на тоа дека веќе не сме заедно, срцето ми е скршено. Ве молам да ја почитувате мојата приватност и приватноста на неговото семејство низ овие тешки моменти, порача Сабаленка по пат на социјалните мрежи.

Константин Колтсов, за време на својата кариера, беше член на Питсбург Пингвинс, а со репрезентацијата на Белорусија, два пати настапуваше на Зимски Олимписки игри.

Колтсов и Сабаленка беа во врска од 2021 година, а шампионката од Австралија Опен, оваа недела се натпреварува на мастерс турнирот во Мајами.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО