Карло Анчелоти очекувано како и сите во Реал Мадрид се бесни на судијата Хил Манзано кој досуди крај додека Реал беше во напад и не дозволи „кралевите“ да се израдуваат бидејќи Белингам ја затресе мрежата некоја секунда подоцна.
Манзано означи крај на средбата во моментот кога Брахим Дијаз нафрли во шеснаесетникот од каде што Белингам со глава постигна гол.
-Што да кажам…нема што да се коментира. Се случи нешто невидено. На сето тоа Белингам доби црвен затоа што му кажа „тоа беше еб*н гол. Воопшто не го навреди судијата. Сепак, ќе спиеме мирно и понатаму сме лидери во првенството, изјави Анчелоти.