Марко Розе: Бевме блиску, можевме да го елиминираме Реал Мадрид

Фудбалскиот клуб Лајпциг синоќа беше елиминиран од Реал Мадрид во осминафиналето од ЛШ, но коцката на среќа можеше да се сврти и на нивна страна.

Самиот тренер на германската екипа по мечот во Мадрид потенцира дека им недостасувало малку повеќе смелост и среќа за да го елиминираат Реал Мадрид, а тоа го потврдува и тесниот резултат во двомечот, кој Реал го доби со 2:1.

Лајпциг првиот меч го загуби на домашен терен со 0:1, додека во реваншот беа нешто подобри и одиграа нерешено против „кралевите“ (1:1).

– Разочарани сме од крајниот исход на двата меча, бидејки сметам дека момците заслужија повеќе од ова. Добро се браневме, во нападот не бевме доволно ефикасни, бидејки имавме свои шанси а не ги искористивме. Покажавме дека не се откажуваме и дека верувавме, убаво беше да се биде овде, но за жал бевме блиску, но не успеавме. Малку ни недостасуваше, малку навистина. Горд сум на моите момци, мора да го минеме ова и да се опоравиме, бидејки сега е време за Бундеслигата, порача Марко Розе.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО