Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека англиските медиуми објавуваат важни информации пред натпреварите на репрезентацијата на ЕП!
– Ние се обидуваме да победиме на турнирот, а нашите, домашни медиуми објавуваат тактички информации два часа по завршувањето на тренинзите. Ќе ме поправат штом реков дека ги добиле директно од кампот, можеби тоа и го направиле, но како со тоа му помагаат на тимот?
Како му помагаме на тимот што им даваме информации на Швајцарците, кои можеби очекуваа да играме поинаку, а потоа имаат три дена да се подготват за она што ние им го спремаме?
Морам да го кажам ова бидејќи се справуваме и со такви ситуации. Тешко е, потешко отколку што треба, но сепак продолжуваме натаму, вели Саутгејт.