Селекторот на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, одговори на сите критики по стартните две средби на Европското првенство. Неговиот тим прво речиси без игра ја победи Србија а потоа ремизираше со Данска.
– Разочарани сме од настапот на двата меча. Ајде да направиме длабока анализа за да разбереме какви проблеми имаме.Знаеме дека треба да го подигнеме нивото – вели Саутгејт.
– Јас сум тренер, тоа е моја одговорност. Ќе мора да поминеме низ тешки моменти. Не можеме да бараме изговори – потенцирал селекторот на Англија.