Саудијците подготвуваат нова понуда за Салах, помала од лани!

Египетската ѕвезда, Египќанецот Мохамед Салах се приближува до последните 12 месеци од договорот со Ливерпул и е мета на клубовите од Саудиската Про лига.

Минатото лето за Салах (31), наводно, имаше понуда вредна 150 милиони фунти од Ал Итихад, каде што игра Карим Бензема. За него e заинтересиран и Ал Хилал, кој може да се пофали со бразилската суперѕвезда, Нејмар во своите редови.

За Салах летово најверојатно понудата ќе вреди над 70 милиони фунти, бидејќи е  поблиску до крајот на договорот. Се спомнува тригодишен договор, без детали колку Салах ќе добие.

Претпоставката е дека тој ќе биде еден од најплатеите фудбалери во Саудиска Арабија, со слична годишна плата од 138 милиони фунти колку што добива Нејмар!

Салах пак не брза да ги напушти „црвените“ и можно е да ја одработи и последната година од договорот. Одлуката за заминување или останување би можела да зависи и од новиот менаџер на Ливерпул кој ќе го замени Јирген Клоп кој го напушта клубот летово.

Саудијците засега молчат и не го контактираат Ливерпул, барем јавно, кој се бори на два фронта, во Премиер лигата и во Лига Европа (ЛЕ), не сакајќи без потреба да бидат на насловните страници и да го засенат збогувањето на Клоп.

Исто така, се смета дека Салах би можел да се консултира со поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој го напушти Ал Етифак по помалку од шест месеци во клубот, за фудбалот и за животот во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО