Сасуоло и Милан одиграа реми со шест голови

Сасуоло и Милан одиграа возбудлив натпревар кој заврши нерешено 3-3, домаќините водеа, но не успеаа да ги освојат трите бода против фаворитот.

Сасуоло имаше фуриозен почеток на мечот, по само четири минути преку Пинамонти поведе со 1-0, а веќе во 10. минута беше 2-0 кога Лориенте даде гол.

Милан брзо се созема од шокот, во 20. минута Рафаел Леао даде гол за намалување на 2-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

По осум минути игра во вториот дел Лориенте со втор гол повторно ја врати позитивата за Сасуоло на два разлика, овојпат беше 3-1.

Во 59. минута Лука Јовиќ го намали резултатот, а во финишот од мечот Окафор погоди за конечни 3-3.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО