Санчо ќе прифати со две раце: Јунајтед најде решение за „бунтовникот“ Џејдон?

Џејдон Санчо не успеа да се наметне во Манчестер Јунајтед и откако пристигна од Борусија Дортмунд, тој е само бледа сенка на она што беше во Германија.

Англискиот фудбалер од поодамна не е во првиот состав поради конфликтот кој го има со тренерот Ерик Тен Хаг, а сега, кога е отворен зимскиот трансфер период, можеби за него има решение.

Со оглед на тоа дека не успеаја да ги поправат односите со Тен Хаг, големи се шансите Санчо да замине на позајмица некаде оваа сезона, па да види самиот играч дали може да ја врати својата форма.

Скај Спорт Германија тврди дека Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед имаат одредени преговори за позајмица на Санчо во Бундеслигата, така да опција за играчот е повторно да го облече дресот на „милионерите“.

Тој во Премиер лигата досега одигра досега само 82 натпревари во кои постигна 12 голови и шест асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО